Македонија

Мицкоски: Како Влада сме за тоа да имаме редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат пролетта 2028 година

Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија Вреди и ЗНАМ функционира искулучително добро. Тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но како партија и Влада сме подготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

Мицкоски  нагласи дека врз основа на ресурсите со кои располагаат ги решаваат проблемите на граѓаните. – Проблеми има многу, и тоа проблеми што се создавани со децении, а ресурсите се ограничени поради лошото менаџирање на тие ресурси кога седум години влада беа СДСМ и ДУИ. Но во зависност од тие ресурси, ние тие проблеми ги решаваме и се трудиме да не создаваме нови. Тоа практично е нашата амбиција и цел како Влада и во таа насока и кон таа цел се движиме – рече премиерот.

ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена да излезе на избори, но целта на Владата е оваа година да се фокусира на испораката поврзана со реформската агенда.

– Утрово, пред да дојдам овде, заедно со колегите од Владата имавме координативен митинг со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, и можам да кажам дека имавме исклучително добар состанок. Како резултат на тоа, ќе има испорака, која, од дното, повторно ќе кажам, кое го наследивме, ќе нè доведе до тоа да бидеме рамо до рамо со таканаречениот „фронтранер“ и тоа е добро. Ќе продолжиме во таа насока. Следната недела договоривме нов состанок затоа што извештајниот период, кој завршува на крајот на јуни, сакаме од 10, да се обидеме, како што денеска заклучивме дека сме многу блиску, да може да бидеме до 9 и пол, нешто што е 95 проценти. Тоа е нешто што никој не го направил. Очекувам и тоа да го реализираме како Влада – рече Мицкоски.

Тоа е една од причините зошто годинава како Влада велат дека се посветени на реформите. – Како Влада сме за тоа да имаме редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат пролетта 2028 година, но како ВМРО-ДПМНЕ, а и како Влада, сме подготвени во секое време да имаме парламентарни избори и на тие избори да победиме – потенцира премиерот.

Осврнувајќи се на Изборниот законик, Мицкоски истакна дека работните групи работат и оти тие се составени од сите политички партии без СДСМ и коалицијата што ја предводи. – Знаете дека Изборниот законик е еден од оние закони во кој е можен филибастеринг, така што кога тој ќе влезе во Собранието, СДСМ, доколку одлучи да не го гласа, може и да направи филибастеринг и да го спречи носењето. Тој е еден од седумте или осум закони во согласност со новиот Деловник, каде што сè уште е возможен филибастеринг – рече премиерот.

Тој нагласи дека Владата ќе го подготви и ќе го достави Изборниот законик до Собранието. – Ќе постои консензус на сите политички партии минус СДСМ. Подготвени сме и со нив да постигнеме консензус кога ќе се вклучат на овие преговори. Доколку постои волја, има и начин да се заврши процедурата пред крајот на јуни – потенцира премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top