Бизнис

(Видео): Инфлацијата двојно пониска во однос на претходниот период, вели премиерот

Владата успешно се справува со кризата бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада, оцени премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека вообичаено е во овој период да започне процедурата за ребаланс на Буџетот.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е вообичаено во овој период да почне процедурата за ребаланс на Буџетот, а оценува и дека Владата успешно се справува со кризата  бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада.

  • Вообичаено е во јуни да почнат процедурите за ребаланс на Буџетот и во јули да се донесе. Така беше и во 2024 и 2025, а до крајот на годината ќе имаме уште една конечна распределба на средствата за Буџетот во ноември, ова е таа вообичаена процедура која трае – рече Мицкоски.

Прашан за проекциите за инфлацијата Мицкоски посочи дека треба да се споредуваат споредливи работи и оти „сега има двојно помала инфлација од таа во времето на минатата влада“, како што нагласи, „дури и во вакви предизвикувачки услови“.

  • Инфлацијата се зголемува секаде во светот, но она што кај нас е важно е дека ако ја споредуваме денешната со состојбата од 2022 година во истиот период се случуваат кризите – месеците март, април и мај, ќе забележите дека тогаш е двапати поголема од сега и тоа е успехот на справување со криза и кризен менаџмент. Доколку сега беше двапати поголема од тогаш, тогаш ќе речевме дека оваа Влада е неуспешна.  Сепак, како Влада успеваме да имаме двојно помала инфлација од тоа што имаше минатата влада дури и во едни вакви предизвикувачки услови -рече Мицкоски.

Во однос на можноста за укинување на тарифните блокови за потрошувачката на електричната енергија што во личен став ја сподели претседателот на  Регулаторна комисија за енергетика Ацо Ристов и влијанието на сметките, премиерот Мицкоски упати на одговор до РКЕ, наведувајќи дека „во делот кој зависи од Владата и компаниите каде е доминантен сопственик, ќе нема покачување како што е и во изминатите две години“.

Најнови вести од: Бизнис

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

Азески: Позитивен пресврт во дипломатијата – нашето претставништво во Брисел мора да е точка од која ќе тргнат промените

Ако членството во Унијата ни е целта кон која се движиме, нашето претставништво во центарот на ЕУ мора да биде точката од која ќе тргнат промените. Добро опремено, финансиски поддржано и подготвено за најголемите предизвици – да ја оставиме зад себе уравниловката и со пример да покажеме дека лидерството е врзано со целта и со темелните вредности, а тие, пак, со парите на граѓаните и со нивното добро.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на средба во Еurochambres во Брисел

Соговорниците се согласија дека стопанските комори имаат значајна улога во поддршката на реформските процеси, јакнењето на конкурентноста на компаниите и во продлабочувањето на економската соработка меѓу Европската Унија и земјите кандидати за членство.

„H&M“ на големо затвора продавници – Клуч на вратите за уште 170 дуќани низ цел свет до крај на 2026

Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови.

To top