Македонија

Ѓорѓиевски по повод повторно отворената Народна канцеларија на претседателот на Македонија: Институциите мора да бидат блиску до народот!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира преку објава на општествените мрежи дека е отворена повторно Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија во центарот на Скопје. Тој посочи дека на покана на претседателката Гордана Силјановска Давкова присуствувал на отворањето на канцеларијата, која, како што наведе, претставува важен чекор кон поотворени институции и директна комуникација со граѓаните.

„Народната канцеларија е место каде што секој граѓанин може да биде сослушан, да поднесе претставка, иницијатива, петиција или предлог“, напиша Ѓорѓиевски.


Тој додаде дека институциите постојат за народот и затоа мора да бидат блиску до граѓаните, изразувајќи надеж дека канцеларијата ќе биде „вистински мост меѓу граѓаните и институцијата Претседател“

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top