Македонија

Тошковски за моторџиите, кои лудуваат на едно тркало: Ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат моторџии!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и строги мерки против моторџии кои, како што рече, дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила. Тој направи разлика меѓу, како што ги нарече, „вистински моторџии“ и оние кои „глумат моторџии“.

„Тие кои се вистински моторџии, тие во град не ги прекршуваат сообраќајните правила. Тие се посветени за почитување на сообраќајни правила особено во град, бидејќи ги знаат последиците кога не ги почитуваат, тие се на две тркала“, рече Тошковски. 

Според него, проблем се оние кои возат без кацига, со голема брзина и прават опасни маневри. „Ова не се однесува на тие кои возат со кацига, со соодветна брзина… А најавувам за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвена, го дигаат на едно тркало, и мислат дека ‘Сејф сити’ не ги детектира, МВР ќе биде фокусирано на нив, особено во градските средини“, кажа министерот.

Тој порача дека ваквите возачи ќе бидат главен таргет на полицијата во наредниот период. „Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, изјави Тошковски.

Министерот додаде дека ваквите возачи претставуваат сериозен ризик за безбедноста. „Тие ќе бидат таргет, тие што употребуваат мотори надвор од закон. Затоа што тие се најголем ризик да отепаат некого“, рече Тошковски.

На крајот, тој упати пофалби до моторџиите кои ги почитуваат правилата. „Не за вистинските моторџии, за нив секоја чест и поздрав“, додаде министерот.

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Каде завршија милионите евра од ЕУ-фондовите за канализацијата во Кичево?! Обвинителството да ја истражи коруптивната улога на ДУИ!

Кои компании поврзани со Дрин Ахмети биле ангажирани во проектот, како фирми поврзани со семејството Ахмети се нашле во проект финансиран со европски и државни пари, дали некој од функционерите на ДУИ влијаел врз изборот на компаниите, зошто жителите на Зајас сè уште немаат канализација, праша денеска Фатон Фазлиу од Вреди. Дваесет и четири години ДУИ не направи канализација за жителите на Зајас, а сега и знаеме зошто – поради корупција, нагласи Фазлиу.

Николоски: Владата ќе го решава свлечиштето на патот кон скопски „Теферич“

Министерството за транспорт го презема проектот за санација на свлечиштето на патот кон Тефериџ во Општина Кисела Вода, а тендерот за избор на изведувач се очекува да биде објавен следната недела, најави вицеремиерот

Банов: Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери?

Банов ги повика раководството на ПОЦ, директорот Душко Коцевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, јавно да ги објават имињата на лицата и компаниите чии долгови биле отпишани

To top