Македонија

Вџашувачки факти за застарен судски случај за професорот Вело Марковски

Во неверојатниот судски процес крунски доказ е фигура која воопшто не е презентирана туку е користена слика од Вибер

Професорот и еден од водечките македонски инфектолози Вело Марковски изнесе запрепастувачки и неверојатни факти за состојбата во нашето судство во емисијата Аргумент плус на ТВ 24 со новинарот Мирјана Трпческа.

Тој зборуваше за случај кој трае 8 години во кои наводно злосторничко здружување копало и тргувало со артефакти а обвинителството не успеало да докаже ниту еден од своите наводи.

Обвинителот си одредил 4 месечен притвор без ниеден разговор или распит со професорот и со други обвинети, раскажува професорот Марковски кој открива дека обвинителот измислил злосторничко здружување помеѓу луѓе кои ниту се познаваат ниту имаат било каков контакт меѓу себе.

Професорот Вело Марковски повика по допрен глас основното јавно обвинителство да поднесе кривична пријава против обвинителот поради низа злоупотреби на службената положба.

Меѓу злоупотребите е затворање на истрага за еден предмет по 24 месеци (по член 301 од ЗКП истрагата мора да се заврши во рок од 6 месеци и со максимум 21 месец со одобрение од државниот јавен обвинител).

Дополнително обвинителниот акт е подигнат после 3 месеци иако обвинителот морал да го направи тоа за 15 дена од завршување на истрагата…

Исто така Марковски изнесе фрапантни факти според кои јавниот обвинител си исмислувал настани и дејствија кои не се случиле никогаш и здравологично неможеле да се случат, како на пример во исто време професорот бил во Грција на одмор со семејството и копал и истражувал по археолошки локалитети во Македонија.

Вакво однесување се квалификува како лажно сведочење и е казниво по Кривичниот законик.

Обвинителот во постапката се повлекол од повеќето описи за кои одредил притвор, па така притвор одредил за едни дејствија, за да на крај на завршен збор се откаже од тие дејствија и да побара со нови контеоверзни тврдења да ги измени обвиненијата од полесно кон потешко.

Судот пак, направил бројни пропусти, не ги почитувал постоечките закони и уставот на РМ, па го пречекорил обвинението и во конфузна пресуда од 171 страна, го осудува условно професорот за дела за кои нема подигнато обвинение.

За чудење и неверување е дека судија кој му одредувал месечно продолжување на домашен притвор, потоа бил судија кој му судел на професорот Вело Марковски.

Иако настанала апсолутна застареност, судот продолжил да суди во група иако и обвинетите и нивните адвокати побарале да се констатира апсолутна застареност и понатаму поединечно да се суди секој за своите дела ако ги има.

Судот го одбил ова барање со образложение дека злосторничко здружување застарело но иако заедничкото делување во група застарело, но дејствијата кои ги преземале според судот не застареле.

При тоа донесена е пресуда во која крунски доказ е фигура која воопшто не е презентирана и ја има само на слика преземена од Вибер.

Оваа тајна фигура не е вештачена, а прогласена за добро под привремена заштита или културно наследство од особено значење.

Професорот со жалење констатира дека судот одбил да ги прифати примерите од судска пракса кога и основните судови и апелационите судови констатирале апсолутна застареност и ја прекинале постапката.

Исто така судот не ги прифатил ни примерите од судска пракса каде за нумизматички материјал парички се одредувани прекршочни казни, ниту пак судот ги прифатил извештаите на судските вештаци.

Целата емисија во која можете да чуете за неверојатно однесување на ЈО и судот можете да ја погледате на следниот линк

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“, се преместува за в недела

Најавеното невреме и лошите временски услови ги принудија организаторите на традиционалниот фестивал на виното „Виноскоп“ да направат итни измени во фестивалската агенда. Денешната дневна програма е целосно откажана, но организаторите ветуваат двојно поголема забава за утре, кога сите содржини ќе се преселат на добро познатата локација во Градскиот парк.

(Фото): Активно се работи на булеварот „Борис Трајковски“, „Момин Поток“ и на мостот на „Љубљанска“

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека конечно после три децении решавањето на булеварот „Борис Трајковски“ стана реалност.

Кој се залага за најмалку 10.000 вработени да останат на улица?!

Наместо да застанат во наша одбрана, се обидуваат да не жртвуваат во нивните дневно-политички математики. За нас ова е големо разочарување – се вели во соопштението на Здружение на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.

(Видео): 2600 нови контејнери и 40 камиони за „Комунална хигиена“, најави Ѓорѓиевски

Веќе сме во финална фаза на избор на оператор кој треба да обезбеди 2600 нови контејнери за градот Скопје кои во наредниот период ќе ги покријат потребите кои не беа покриени години наназад, но и ќе го сменат и ликот во централното градско подрачје, каде знаете дека има контејнери на кои не им е местото таму. Скопје е град во кој што живеат над 600.000 жители, а ние имаме и голема бројка на туристи кои доаѓаат.

To top