Хроника

Побаран притвор за убиецот од Бојане што го пријави татко му

Издадена е наредба за обдукција на телото на 18-годишното момче убиено пред два дена во шума кај Сарај

Основното јавно обвинителство Скопје побара 48-часовен притвор за 19-годишниот жител на Бојане пријавен од неговиот татко за убиство на една година помлад соселанец.

Истовремено, продолжува постапката за прибирање докази, а издадена е и наредба за обдукција на телото на починатиот.

„На 17.05.2026 година во 00:50 часот во селото Бојане, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б. (19) од Бојане, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ‘убиство’ по член 123 од Кривичниот законик. Претходно, на бројот 192 се јавил неговиот татко И.Б., кој пријавил дека М.Б. му признал оти на 15.05.2026 година во шума во близина на Сарај, со огнено оружје го убил Б.Д. (18) од Бојане. Полициските службеници го привеле осомничениот, а биле пронајдени и телото на жртвата и оружјето со кое се сомнева дека е извршено убиството“, изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

 

Најнови вести од: Хроника

Скопјанец измамен за 28.700 евра од лажен службеник во државна институција, кој за возврат божем ќе му го врател претходно запленетиот златен накит!

Синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, жител на Скопје пријавил дека од 12.11.2024 до 12.01.2025 од друго машко лице бил измамен за околу 28.700 евра.

Обвинение против шестмина, со измами земале брзи кредити на туѓо име и од 2022-2024 „ќариле“ 52 илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против шест лица осомничени за организирана измамничка шема со брзи кредити, во која, според обвинението, биле злоупотребувани лични податоци, користени фалсификувани исправи и внесувани невистинити податоци во информатички системи. Покрај обвинението, против уште 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог за кривичното дело „компјутерска измама“.

To top