Бизнис

Од ново кон старо: Расте цената на половните автомобили

Војната во Иран, блокадата на Ормутскиот Теснец, скокот на цените на горивата и поскапувањето на новите автомобили донесоа нови правила на пазарот низ цела Европа.

Војната во Иран, блокадата на Ормутскиот Теснец, скокот на цените на горивата и поскапувањето на новите автомобили донесоа нови правила на пазарот низ цела Европа.

Купувачите сè почесто се свртуваат кон постари возила, кои стануваат сè поскапи и сè потешко достапни. Новите автомобили се поскапи, а половните – особено оние што се најмногу увезуваат кај нас – веќе не се толку евтини како порано.

Податоците од големите платформи за продажба, како AutoScout24, го потврдуваат овој тренд: цените на возилата стари 10-15 години се зголемиле за околу девет проценти на годишно ниво.

Главните причини се повеќе: постарите возила се поевтини за одржување, имаат помалку сложена електроника и не бараат скапи претплати за софтверски функции. Поскапувањето на горивата, пак, ги принудува купувачите да бараат поекономични и поевтини решенија, што дополнително ја зголемува побарувачката за половни автомобили. Особено се бараат постари модели, бидејќи цените на новите продолжуваат да растат.

Цените на горивата во Европа не се вратија, ниту пак ќе се вратат насега на предвоените нивоа. Од февруари 2026 година, бензинот поскапе меѓу 10 и 27 проценти во зависност од земјата, додека дизелот во Германија, Франција и Италија надмина две евра за литар, а во Холандија долго време се движи околу 2,5 евра.

Како директна последица, сè повеќе возачи се откажуваат од купување нов автомобил и се насочуваат кон пазарот на половни возила. Кога трошоците за гориво растат, расте и вкупната цена на поседување возило – без разлика дали е ново или старо. Затоа купувачите бараат или повисока ефикасност или пониска влезна цена. Половните возила нудат и двете, особено постарите електрични модели чии цени доживеаја голем пад.

Бројките го потврдуваат ова: во април 2026 година, цените на половни автомобили во Европа се зголемиле за 1,9 проценти во однос на март. Во Шпанија растот е 3,8 проценти на годишно ниво, а просечното возило е за околу 500 евра поскапо од лани. Во Италија е забележан раст од четири проценти во април, а во Германија и Швајцарија – околу 1,9 проценти.

Интересен тренд е големиот пад на цените на тригодишни електрични модели (кои губат и до 50 отсто од вредноста), но истовремено одличната состојба на батериите. Сепак, најголем раст на цените доживуваат хибридните возила.

Парадоксот е очигледен: поскапото гориво и потешката достапност на новите автомобили предизвикаа масовно бегство кон „поевтините“ половни возила, но и тие веќе не се толку евтини. Побарувачката порасна, залихите се намалуваат, а цените ја следат својата логика.

Најнови вести од: Бизнис

„H&M“ на големо затвора продавници – Клуч на вратите за уште 170 дуќани низ цел свет до крај на 2026

Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови.

Атина доби конкуренција, Софија сака да биде регионален лидер во ископот на бакар, Скопје само ја следи битката

Додека соседството дава приоритет на рударската индустрија поради новите европски директиви и геополитичката состојба, Македонија стагнира и не го користи својот потенцијал на бакар во Иловица.

Македонија на нова енергетска мапа

Македонија направи еден од најзначајните чекори во својата енергетска политика во последната деценија. За првпат националниот оператор за пренос на природен гас НОМАГАС учествуваше на состанокот на операторите на системите за пренос на природен гас што се одржа на 10 јули во Атина, со што земјата официјално се приклучува кон процесот на проширување на иницијативата „Вертикален коридор“.

Платите, цените и кошницата не стигнаа на седницата на ЕСС, за ова ќе се дискутира наскоро

Државниот пазарен инспекторат извршил контрола на околу 700 производи, при што било утврдено дека во периодот од мај 2025 до мај 2026 година просечните набавни цени се зголемиле за 2,66 проценти, додека продажните цени пораснале за 4,56 проценти.

Вие сте дел од иднината на централното банкарство, им рече Гувернерот Славески на студентите практиканти

Студентите практиканти ќе имаат можност да се запознаат со работата на различни организациски единици на Народната банка, вклучително монетарната политика и истражувањето, финансиските пазари, статистиката, информатичката технологија, правните работи и трезорското работење, стекнувајќи поширока слика за функционирањето на една современа централна банка.

Од септември ќе се применува просечната потрошувачка владина кошница

Утре ќе заседава Економско социјалниот совет – теми се усвојувањето на предлог годишна програма на ЕСС, предлог закон за високо образование, и предлог закон за озбесбедување на квалитет во високото образование и наука.

To top