Македонија

Македонскиот началник на Генералштабот на состанок на највисокото воено тело на НАТО

Од Армијата соопштија дека учеството на генерал-мајор Лафчиски на овој состанок претставува потврда за активниот придонес на македонската Армија и на Република Северна Македонија во колективната безбедност на Алијансата, регионалната стабилност и заедничките политики и активности на НАТО.

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре ќе учествува на значаен состанок на Воениот комитет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.

Состанокот ќе се одржи во формат на началници на генералштабови на земјите членки на НАТО. Со него ќе претседава претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, а ќе учествуваат и врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генерал Алексус Г. Гринкевич, како и врховниот командант за трансформација на НАТО (SACT), адмирал Пјер Вандие.

На состанокот, кој ќе се одвива во повеќе сесии, ќе се разговара за клучни теми од интерес за колективната безбедност: плановите на НАТО за зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, тековните мисии, операции и активности, политичките приоритети, подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара, развојот на одбранбениот процес на планирање, интеграцијата на новите технологии и иновации во одбраната, поддршката за Украина, како и за унапредување на соработката меѓу НАТО и Европската Унија во области од заеднички интерес.

Од Армијата соопштија дека учеството на генерал-мајор Лафчиски на овој состанок претставува потврда за активниот придонес на македонската Армија и на Република Северна Македонија во колективната безбедност на Алијансата, регионалната стабилност и заедничките политики и активности на НАТО.

Најнови вести од: Македонија

Дали гостиварци пиеја деновиве вода, загадена и со фекални води, вбризгувани со пумпите во водоводот?! – Фекални бактерии пронајдени во два испитани примерока!

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, нема да банкротираме ниту оваа година!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Тој Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Полицијата ги уапси директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши!

Започнува расплетот на ситуацијата околу случувањата со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и кој е сѐ виновен и одговорен околу тоа и заболувањето илјадници граѓани, кои ја пиеја загадената вода!

To top