Свет

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се агресорот. Куба е земја под напад, која дејствува согласно принципот на самоодбрана“, објави на социјалните мрежи заменик министерот за надворешни на Куба, Карлос Фернандез де Касио:

 

Кубанската амбасада во Вашингтон, како и Министерството за надворешни работи во Хавана, го потврдува правото на Куба на самоодбрана.

Од Амбасадата на Куба, исто така на Икс, велат дека преку изговори и лаги, „логичната подготовка“ за евентуален напад е претставена како нешто исклучително.

.@BrunoRguezP

Изјавите на кубанското Министерството за надворешни работи и Амбасадата, следуваат откако американскиот портал „Аксиос“ во саботата објави дека островската социјалистичка држава наводно се подготвува да употреби беспилотни летала против американски цели во случај на вонредна состојба.

Порталот, повикувајќи се на разузнавачки извори, објави дека Куба наводно набавила повеќе од 300 воени дронови и неодамна започнала дискусија за плановите за нивно користење за напад врз американската база „Гвантанамо“ во истоимениот залив на Куба, како и врз американски воени бродови и евентуално областа Ки Вес во американската сојузна држава Флорида која е оддалечена само околу 170 километри од Хавана.

Порталот „Аксиос“ цитираше висок американски функционер кој рекол дека разузнавачките информации би можеле да послужат како потенцијален „изговор за воена акција против САД“. Функционерот како фактор, исто така, го посочил и наводното присуство на ирански воени советници во Хавана.

Односите меѓу Куба и Соединети Американски Држави се затегнати уште од Кубанската револуција во 1959 година, а за време на мандатот на Доналд Трамп дополнително се влошија по воведувањето нови санкции и економски мерки против Хавана.

„Можам да правам што сакам со Куба“ – Трамп за ослабениот остров

Најнови вести од: Свет

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

To top