Македонија

На 20 јуни „Парада на гордоста“ во Скопје

Овогодишната „Парада на гордоста“ ќе се одржи под слоганот „Сите нека знаат“

 

Во соопштението, организаторите оценуваат дека годинашниот месец на гордоста се одвива во услови на длабока политичка и општествена несигурност, обележана со глобални конфликти, климатска криза, инфлација, насилство и нефункционални институции.

Според нив, ЛГБТИК+ заедницата во земјава се соочува со засилен јавен и институционален говор на омраза, уназадување на веќе стекнати права и нормализирање на политики што различноста ја претставуваат како закана.

„Скопје Прајд останува потребен затоа што условите што ја создадоа потребата за јавно и гласно присуство сè уште постојат и продолжуваат да го отежнуваат правото на достоинствен живот“,  велат од Организацискиот одбор.

Собирањето на учесниците ќе започне во 18 часот кај Фонтаната во Градски парк, а маршот ќе стартува во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот Илинден, улицата Рузвелтова, булеварите Партизански одреди и ВМРО, како и по улицата Димитрије Чуповски, со завршница во Жена парк – Борец.

Организаторите велат дека изменетата и проширена рута не е само логистичка промена, туку и политичка порака дека јавниот простор им припаѓа подеднакво на сите граѓани.

Во однос на безбедноста, од Одборот информираат дека и оваа година се во координација со МВР и полицијата, со цел настанот да помине безбедно и во најдобар ред.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top