Македонија

Богатото културно наследство на Македонија низ музејските поставки – Кога последен пат бевте во музеј?!

Минатото повторно оживува во „Музејот на Македонија“. Во срцето на старата скопска чаршија, меѓу артефакти стари илјадници години, посетителите ја откриваат приказната за македонското културно наследство.

Од 5.000 години старата „Голема мајка“, пронајдена на локалитетот „Тумба Маџари“, до уникатните теракотни икони од Виница – експонатите сведочат за богатата историја на овие простори. Голем дел од нив денес живеат и преку музејската продавница, каде посетителите можат да купат копии и сувенири инспирирани од оригиналните археолошки пронајдоци. Од Музејот велат дека интересот расте, особено кај странските туристи, а месечно го посетуваат од 200 до 300 луѓе.

Паралелно, музејот на Народна банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот.

Музејското патување низ монетарното минато на нашата земја беше насловено „Без граници, без препреки“, во духот на овогодишната тема на Меѓународниот комитет на музеите „Музеите што го обединуваат поделениот свет“.

Кустосите од Музејот на Народната банка одржаа настан за учење и паметење за 80 македонски деца што се ученици во Австрија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Австралија, Франција, Италија, Германија, Шведска, Холандија, Велика Британија, Данска, Канада и во земјава, коишто можеа интерактивно да се дружат и да дознаат необични факти за нумизматичкото културно наследство на нашата земја.

Возбудливото враќање во минатото заврши со кратко откривање на некои од тајните на изгледот на денешните македонски пари, а потоа и со прогласување на победниците од интерактивниот квиз.

Најнови вести од: Македонија

Бериша: Точната адреса за студентските протести е пред седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица!

„Точната адреса на протестот за полагање на правосудниот испит е Мала Речица, кај Тетово, протестите на погрешна адреса не ја постигнуваат целта! Да, студентите денес апсолутно имаат право да протестираат, но не и политичарите, кои не ја почитуваа и ја спречуваа демократијата!“ – реагира остро политичкиот аналитичар и новинар во Албанската редакција на Македонската Радио и Телевизија Ејуп Бериша во врска со денешниот протест на студентите-Албанци во Скопје.

Ѓорѓиевски-Колумбиа: Разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и ОН

Актуелните градски проекти, рамномерниот развој и соработката со меѓународните институции биле во фокусот на денешната средба во главниот град, соопштија од Град Скопје. Имено, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари официјална средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во земјава, Рита Колумбиа.

Ивор Мицковски: Денеска ДУИ вади на улица деца за права, кои самата не ги исполни додека владееше! Дваесет и две години власт и само етнички зулуми!

Остра реакција на новинарот и политички аналитичар кон „интегративците“ од тетовска Мала Речица во врска со денешниот протест на студентите-Албанци во Скопје околу полагањето правосуден испит на албански јазик.

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ да не се кочи со идентитетски прашања! Доверливоста на евроинтеграцијата зависи од примената на Копенхагенските критериуми!

„Во Љубљана заедно со претседателката Наташа Пирц Мусар потврдивме дека македонско-словенечкото пријателство се темели на заемна почит, европски вредности и визија за стабилен и обединет регион, како важен фактор на европската стабилност. Искрена благодарност до Словенија, како еден од нашите најголеми политички пријатели и поддржувачи на патот кон ЕУ. Важно е проширувањето на ЕУ да не се кочи со билатерализација, врзана за идентитетски прашања, спротивно на основните вредности и принципи на конститутивните акти на ЕУ.“ – објави претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова на својот официјален фејсбук-профил.

Најнови вести

To top