Македонија

Финансиска откри даночно затајување од 7,4 милиони денари од двајца управители

Финансиската управа со кривична пријава

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице.

Како што соопшти Управата, пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари.

Според наводите, за 2020 година поднеле даночен биланс за утврдување на данокот на добивка во кој искажале лажни податоци, а за 2021 и 2022 воопшто не поднеле даночни биланси за утврдување на данокот на добивка спротивно на сметководствената евиденција и искажаниот финансиски резултат во бруто-билансите на друштвото, од банкарските сметки на правното лице подигнале парични средства по разни основи и извршиле плаќања што не се поврзани со дејноста на правното лице, без да постои доказ во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост, а со намера да ги прикријат инкриминираните активности не поднеле завршни сметки за 2022, 2023 и 2024 година до Централниот регистар на Македонија.

Со овие незаконски активности, како што се наведува, е оштетен буџетот на Македонија, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

To top