Македонија

Екс амбасадор со спремно прашање бара референдум за членството на земјава во ЕУ

Референдумското прашање би било: „Дали сте согласни Република Северна Македонија да ги продолжи преговорите за влез во Европската унија со измена во амандманот XXXVI на Уставот на вашата држава и по зборовите …„бошњачкиот народ“, да се додадат зборовите „на хрватскиот народ, на бугарскиот народ, на еврејскиот народ…“

 Поранешниот амбасадор и македонски дипломат, Виктор Габер поднесе преставка до Собранието со која бара пратениците да покренат постапка за организирање референдум околу членството на државата во Европската унија.

Габер се повикува на Декларацијата за развој на односите на Македонија со Европската унија од 1998 година и сите последователни документи за пристапување на нашата држава кон ЕУ унија усвоени од пратениците, во смисла – ако веќе се декларирале така, да направат нешто да се оствари членството на Македонија во ЕУ.

Во преставката Габер вели: „Барам, како мои претставници, вие, пратениците на Собранието веднаш, согласно чл. 68 од Уставот и член 20, став 2 од Законот за референдум, да покренете постапка за распишување на референдум со прашањето кое гласи: „ Дали сте согласни Република Северна Македонија да ги продолжи преговорите за влез во Европската унија со измена во амандманот XXXVI на Уставот на вашата држава и по зборовите …„бошњачкиот народ“, да се додадат зборовите „на хрватскиот народ, на бугарскиот народ, на еврејскиот народ…“?

Екс амбасадорот вели дека државата Македонија има континуитет заснован на Референдумот од 8 септември 1991 година и Уставот од 17 ноември 1991 година. Во сите тие документи се определува нашата стратешка определба за членство во Европската унија. Тие имаат јасна правна и политичка траекторија, заснована на базичните уставни одредби, усвоени во Собранието, во нашата највисока демократски избрана институција која одлучува за мојот развој и безбедност, но и за моето семејство и за нашиот народ, за секој наш граѓанин.

„Заради обврските кои произлегуваат од наведените собраниски документи, како и заради ветувањата што сте ги дале пред гласачите, а кои произлегуваат и од вашите предизборни програми, сметам дека вие како наши пратеници сте свесни дека имате полна морална, материјална и кривична одговорност да ни обезбедите стабилен развој и безбедност“, вели амбасадорот Габер, пренбесоа медиуми.

Тој птсетува дека распишувањето на референдумот, како највисок израз на волјата на граѓаните и нивната волја ќе ги потврдат вашите определби искажани во горните документи за нашиот иден развој.

„Доколу на референдумот мнозинството граѓани го заокружат одговорот „ЗА“ за вие пратениците во Собранието да ја извршите промената искажана во прашањето, нема да има ваша обврска за усвојување на други документи. Но, доколку мнозинството наши граѓани го заокружат одговорот „ПРОТИВ“, вие, во нивно име, ќе треба да ги поништите сите досегашни од вас усвоени документи за нашата стратешка ориентација членството во Европската унија – и да усвоите нова стратешка ориентација на државата“, стои во образложението на барањето.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top