Хроника

„Докторот“-измамник П.С.од Охрид осуден на 5 и пол години затвор, бидејќи зел 56 илјади евра од осум граѓани од Штип и Виница за „итни операции“ на нивни блиски!

Пет години и шест месеци затвор доби П.С. од Охрид, кој во текот на јануари годинава измамил осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, претставувајќи се како доктор и барајќи пари за наводни итни операции на нивни блиски. Ги убедувал дека нивните деца или внуци имаат „тешки повреди“ и оти „итно се потребни пари за операција“.

Според пресудата на Основниот суд во Штип, охриѓанецот успеал да земе околу 56.000 евра од оштетените граѓани, користејќи добро познато сценарио со лажни повици и измислени сообраќајни несреќи и скршеници. Портпаролот на Основниот суд – Штип и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев, информираше дека денеска била објавена пресудата против П.С. за продолжено кривично дело измама.

„Телефонски се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лажни факти, доведувајќи ги во заблуда дека нивната ќерка има скршеница на нога и дека е потребна итна операција за која се бараат пари“, се наведува во соопштението од судот. Според судот, вкупната штета што ја претрпеле осумте оштетени лица изнесува 3.472.906 денари, односно околу 56.000 евра.

Судот одлучил и притворот за П.С. да биде продолжен до правосилноста на пресудата.

Најнови вести од: Хроника

И.Х.(25) и А.Х.(20) од село Идризово се скарале со продавачката, па го нападнале и И.О.(41), која ја бранел!

Двајцата насилници од Идризово може на некое време да станат жители на затворот во близина на нивното село, откако во продавница биле агресивни кон продавачка, а потоа го натепале соселанецот, кој им рекол да не се однесуваат непристојно кон жената.

To top