Хроника

Жени се степаа на улица во Охрид

59-годишната Б.Х. заврши со тешки телесни повреди по жестока пресметка

Една жена заврши во болница по тешкиот инцидент што се случил вчера околу пладне, поточно во 12:10 часот, на познатата улица „Коста Абраш“ во Охрид.

Според официјалните информации од СВР Охрид, М.Х. физички ја нападнала својата сограѓанка Б.Х. (59), нанесувајќи ѝ сериозни повреди кои подоцна биле потврдени и констатирани од страна на лекарите во специјалната болница „Св. Еразмо“.

Полицијата веднаш излегла на терен и работи на целосно документирање на овој насилен настан, по што против напаѓачката М.Х. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести од: Хроника

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 500 евра!

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп, неофицијално дознава Курир.

„Мислеше дека е мртва и сакаше да се ослободи од нејзиното тело“, тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица“, наведува мајката

Битолчанка (21) била давена од момчето – Откако бил пријавен, им избегал на полицајците низ прозорец

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање, бара итно полицијата да го пронајде осомничениот, бидејќи откако бил пријавен, според нејзинината изјава, осомничениот им избегал на полицајците од полициската станица во Битола наместо да биде задржан.

To top