Македонија

Бугари во македонскиот устав како државотворен народ, бара Ќучук

Тука нема никаква вест, никаква сензација и ништо застрашувачко, смета бугарскиот европратеник и бивш известувач за Македонија

Европратеникот Илхан Ќучук од Бугарија на иста линија со другите 16 бугарски членови на Европскиот парламент околу впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија, и тоа како државотворен народ, а не како дел од бугарскиот народ, како што се наведени другите малцинства – Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и Бошњаци.

„Мора да тргнеме од фактот дека договорите мора да се спроведат, тие се за тоа. Самиот француски договор не е само документ, туку стана стратешка архитектура за современите односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Јас, и многу мои колеги, веруваме дека од тука не треба да има повлекување и нема да има повлекување. И никој не дал никаква причина или основа за промена на заедничката европска позиција“, изјави поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент за Бугарската национална телевизија (БНТ).

„Бугарите мора да бидат дел од Уставот на Северна Македонија, да бидат дефинирани како државотворен народ. И тука нема никаква вест, никаква сензација и ништо застрашувачко за која било земја, бидејќи таквите народи се експлицитно наведени во Уставот на Северна Македонија. Сепак, од тука би биле многу наивни и недоволно темелни ако кажеме дека сите проблеми на луѓето што се дефинираат себеси како Бугари во Северна Македонија ќе бидат решени. Самото впишување е предуслов – да, тој е биде од највисок уставен ред – но мора да има многу сериозни инвестиции и од бугарска и од македонска страна, за да можат овие луѓе што живеат во Северна Македонија и го имаат својот етнички идентитет како Бугари да живеат со своите традиции и обичаи, кои не се многу различни, мора да кажеме, од македонските“, додаде Ќучук, лидер на Движењето за права и слободи (ДПС), партија која традиционално ги претставува интересите на турското малцинство и на останатите муслимански заедници во Бугарија.

„Не можам да сокријам дека како етнички Турчин, во моето детство се соочив со некои предрасуди“, вели тој во интервју цитирано од „Политико“. „Решив да влезам во политиката за да ги заштитам и зачувам правата на малцинствата“, додава европратеникот од државата чиј устав не признава колективни малцински права.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top