Македонија

Муцунски на средбата со бугарската колешка: За македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не се разговара!

Во заднината на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, во Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија Велислава Петрова.

-На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори, соопштуваат од МНР.


Министерот Муцунски го отвори и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Посебна нагласка беше ставена на значењето на Коридорот 8 и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало“, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност.


Најнови вести од: Македонија

Андоновски: Државата се справи со софистициран сајбер напад врз дигиталната инфраструктура

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, соопшти дека изминатиот викенд државната дигитална инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад.

Oткриени неправилности кај некои откупувачи на овошје и зеленчук

Комисијата за заштита на конкуренцијата продолжува со теренските инспекциски надзори за спроведување на новиот Закон за забрана на нелојални трговски практики. При инспекциските надзори во неколку центри за собирање овошје и зеленчук, констатирани се голем број прекршувања во односите меѓу купувачите и земјоделците.

Како да се открие рак во рана фаза?!

Меланом е сериозна форма на рак на кожа која започнува во клетките што го произведуваат пигментот меланин. Иако не е најчест вид рак на кожа, тој е најопасен затоа што може брзо да се прошири во други органи ако не се открие навреме. Меланомот најчесто се појавува како нова бемка или како промена на постоечка. Затоа, секоја промена на кожата што изгледа необично треба да се следи внимателно.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче, чуварот на криминалите на Заев и специјалниот пратеник на Радев во Македонија, е супер упорен да одработи предавство во полза на Бугарија!

Со внимание ги проследивме прес-конференциите на СДС и настапите на Венко Филипче поврзани со ЕУ стремежите на Македонија. Сакаат да дадат некаква понуда, но не знаат како, сакаат нешто да кажат, но не знаат да се изразат. Прес-конференциите кои се одвиваат по принципот „сакам да кажам – не знам да речам“ се само одраз на површноста на специјалниот пратеник на Радев во Македонија Венко Филипче, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Пријава на Антикорупциската комисија против поранешни директори во ТЕЦ Неготино: земале и плата и апанажа рамна на 12 плати!

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на Управниот и на Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино.

„Поуки“ и закани на Робели од Тирана: Сопственици на Македонија се и Албанците! Албанија и Косово да ѝ го сменат курсот на владата, за да не се лизне РМ во кризи!

„Сегашната македонска влада се обидува да го поткопа она што е постигнато во последниот четврт век во однос на унапредувањето на албанскиот јазик. Поради тоа Македонија може да се лизне во подлабоки кризи. Нејзината влада веројатно може да го промени погрешниот тек, по кој се движи, само со обединета реакција на Албанците и со поддршка на Приштина и Тирана. Сопственици на македонската држава се и Албанците и тие така треба да се однесуваат!“ – наведува од Тирана, од Албанија новинарот и публицист Енвер Робели во својата колумна со забележлива интонација на закани, во која тој отворено ги повикува Албанија и Косово да интервенираат во внатрешните работи на суверена Република Македонија и „да ѝ го сменат погрешниот курс на македонската влада“, „за да не се лизнела земјата во уште подлабоки кризи“!

To top