Македонија

Кој фалсификувал документ за поништениот тендер за 150 автобуси

,,Мислат дека дека ќе го затскријат срамот што го направија на државата“

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека фотографијата од документот што беше покажана на прес-конференцијата е тежок фалсификат и глупост

Мислат дека со лаги и ширење невистини некој ќе им поверува.

На овој начин од владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговорија на денешните обвинувања од СДСМ дека тендерот за набавка на 150 автобуси пропаднал бидејќи надлежните свесно туркале понуда која била поскапа за речиси 12 милиони евра.

Од СДСМ презентираа официјална претставка поднесена до Министерството за транспорт и рекоа дека поради наводните нерегуларности, случајот го презема американскиот адвокатски тим „The Ticktin Law Group“ кои веќе најавиле дека ќе ги известат Белата куќа, Стејт департментот и Американската амбасада во Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека фотографијата од документот што беше покажана на прес-конференцијата е тежок фалсификат и глупост.

„Јасно може да се види во писмото кое си го напишале сами во Центарот за лаги на СДС, дека лицето кое ја поднело жалбата ‘ќе информира Белата куќа и МНР на САД’. Овој документ е лажен затоа што МНР на САД не постои, туку Стејт Департмент“,
се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ова го оправдуваат со тоа дека Андреј Жерновски „им е меѓународен секретар кој не ја знае кратенката за НАТО, не нѐ чуди и оваа непромислена прес-конференција со која мислат дека дека ќе го затскријат срамот што го направија на државата“.

Оттаму велат дека паниката во СДСМ е поради откривањето на врската меѓу Венко Филипче и Виктор Стојанов, откако во јавноста излезе фотографија на која Рубин Земон, член на Извршниот одбор на СДСМ, е во друштво на Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“, кој во 2023 година доби забрана за влез во државава на неодредено време.

Инаку, од Државната комисија по жалби за јавни набавки вчера рекоа дека одлуката е донесена по службена должност, а од Министерството за транспорт најавија дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе биде објавена согласно законските прописи во најбрз можен рок.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top