Македонија

Денеска средба Мицкоски-Пленковиќ во Охрид

По пречекот на аеродромот во Охрид, двајцата премиери ќе одржат тет-а-тет средба и ќе потпишат договори за стратешка соработка меѓу двете земји

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска пристигнува во посета на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски ќе се пречека во Охрид.

По пречекот на аеродромот во Охрид, двајцата премиери ќе одржат тет-а-тет средба и ќе потпишат договори за стратешка соработка меѓу двете земји.

Исто така ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.

Согласно агендата, во 12:30 часот двајцата премиери треба да одржат заедничка прес-конференција.

За време на престојот на Пленовиќ во Македонија предвидена е и бизнис средба на сопственици на компании од двете држави.

Најнови вести од: Македонија

„Гласајте за амандманот на Вајц“, бараат Македонците од Германија од европратениците

Со амандманот бара Правната служба на Советот на Европската унија да изготви независно мислење за тоа дали таканаречениот Втор билатерален протокол меѓу Република Бугарија и Република Македонија претставува дел од преговарачката рамка усвоена од Советот – или не

To top