Македонија

На институција во Скопје се наоѓа генијален единствен изум на планетата земја

Генијален универзален сончев и песочен часовник украсува фасадата на Природонаучниот музеј во Скопје

На фасадата на Природонаучниот музеј во главниот град се наоѓа единствен изум од ваков тип на планетата – универзален вертикален сончев и песочен часовник, дело на Коља Асенов, првиот професор по астрономија во Македонија.

Часовникот, кој има форма на тристрана призма, тежи 150 килограми и е изработен од челик, месинг и бакар. Со височина од два метра, тој е проектиран да работи без прекин уште најмалку 500 години.

Клучната предност на овој уред е неговата универзалност. Иако е поставен во Скопје, може да се инсталира на било кое место во светот и да го мери времето. Тој покажува реалното физичко време со точност од плус-минус 15 минути. На него се прикажани основните точки, линии, насоки и рамнини од небесната сфера, како и сферните координатни системи потребни за астрономски набљудувања и мерења.

Покрај сончевиот дел, часовникот вклучува и песочен механизам кој ги отчитува неделите, месеците и годините. Времето го пресметува според речиси сите познати календари: христијанскиот, еврејскиот, мухамеданскиот и календарот на Маите.
Авторот на информацијата Изабела Левенска Миљаниќ ја истакнува важноста овој изум да се третира како значајна културна и туристичка атракција на Скопје, слично на сидрото на кејот, и најавува дека ќе се залага за поставување на соодветни информативни обележја.

Часовникот останува релативно непознат дел од скопското културно наследство, иако претставува впечатлив пример на локална научна иновација и астрономска вештина.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Исто како Заев, и Филипче е спремен за нови отстапки кон Бугарија

Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија

To top