Свет

Американската војска пак изврши напад врз Иран

Иран одговори со напад на американска база во Кувајт

 

Американската војска започна нови напади во Иран минатата ноќ, насочени кон објект што претставува закана за американските сили и комерцијалниот сообраќај, објави Си-Ен-Ен.

САД, исто така, пресретнаа беспилотни летала лансирани од Иран.

Три експлозии се слушнаа источно од Бандар Абас, стратешки ирански пристанишен град и поморска база во близина на Ормутскиот теснец, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс во раните утрински часови во четврток.

Набрзо следеше одговорот на Техеран. Иранските вооружени сили објавија дека нападнале американска воздухопловна база како одговор на американскиот напад во близина на аеродромот Бандар Абас.

Странските агенции известуваат дека била нападната американска база во Кувајт.

Трамп претходно изјави дека сè уште не е задоволен од договорот со Иран, а САД не разговараат за ублажување на санкциите против земјата. Тој рече дека Иран сака да постигне договор.

„Иран е многу решителен, многу сакаат да постигнат договор. Сè уште не постигнале договор. Не сме задоволни со тоа, но ќе бидеме. Или тоа или ќе мора да ја завршиме работата“, рече Трамп.

Тој додаде дека потенцијалниот рамковен договор со Техеран веднаш ќе го отвори Ормутскиот теснец, но дека нема да биде контролиран од никого.

„Ќе го набљудуваме, но никој нема да го контролира. Тоа е дел од преговорите што ги водиме. Тие би сакале да го контролираат. Никој нема да го контролира. Ова се меѓународни води и Оман ќе се однесува како и сите други, или ќе мора да ги дигнеме во воздух“, рече Трамп.

Најнови вести од: Свет

Либан: Најмалку 31 лице загина, а 40 се ранети во израелски напад

Откако Нетанјаху најави зголемени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата за подолг период, како што правеа во 1980-тите и 1990-тите.

Полска ќе гради сопствена ракетна индустрија за „Патриот“ системите

Полска сè поактивно инсистира странските воени набавки да доведуваат до трансфер на технологија и развој на домашната одбранбена индустрија, наместо создавање долгорочна зависност од странски производители.

To top