Свет

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

 

 

Германија стана главен увозник на течен природен гас, градејќи терминали за (LNG) во рекордно време.

До 2026 година, речиси две третини од увозот на течен природен гас (ТПГ) во Европа ќе доаѓа од САД, според новиот извештај на Институтот за енергетска економија и финансиска анализа (IEIFA), цитиран од Euronews.

Уште пред 2025 година, уделот на американскиот течен гас достигна 57% – нагло зголемување во споредба со нивоата пред војната.

Зависноста на Европа од американскиот течен гас ќе продолжи да расте во 2027 година – во согласност со напорите на ЕУ постепено да го укине увозот на руски фосилни горива.

IEIFA предвидува дека трендот ќе продолжи и во наредните години, со очекувано стапување во сила на дополнителни долгорочни договори за снабдување.

Повеќето европски влади имаат за цел целосно да го укинат увозот на руски гас до 2027 година како дел од стратегијата REPowerEU.

Од 2022 година, земјите-членки на ЕУ брзо го зголемија увозот на течен природен гас (ТПГ), особено од САД, за да компензираат за намалувањето на испораките преку цевководи од Русија.

IEIFA забележува дека ова поместување ја подобрило краткорочната енергетска безбедност на Европа, но создава растечки ризик: Заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност.

Во извештајот се забележува дека увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, поради трошоците за втечнување, транспорт и регазификација.

Според проценките на IEFA, земјите од ЕУ потрошиле околу 117 милијарди евра за увоз на течен природен гас од САД од почетокот на 2022 година до средината на 2025 година.

Агенцијата на ЕУ за соработка на регулаторите за енергија изрази загриженост за ризиците од концентрација на снабдувањето поврзани со растечката улога на американскиот течен природен гас (ТПГ) на европскиот пазар.

Зголемувањето на увозот на ТПГ доаѓа и покрај целокупниот пад на потрошувачката на гас во Европа во последните години, поврзан со забавување на индустријата, мерки за заштеда на енергија и зголемен придонес од обновливи извори на енергија.

Земјите од ЕУ продолжуваат да ја прошируваат својата инфраструктура за увоз на течен природен гас (ТПГ). Германија, која претходно во голема мера се потпираше на рускиот гасовод, брзо разви пловечки терминали за ТПГ и стана еден од најголемите купувачи на американски ТПГ во Европа.

Најнови вести од: Свет

НАТО го претвора Готланд во тврдина против Русија

НАТО интензивно работи на зајакнување на одбраната на шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море, кој се смета за една од најважните и најранливи стратешки точки на Алијансата во однос на Русија, објави „Политико“.

Либан: Најмалку 31 лице загина, а 40 се ранети во израелски напад

Откако Нетанјаху најави зголемени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата за подолг период, како што правеа во 1980-тите и 1990-тите.

To top