Македонија

Преку пропаднатата Еуростандард Банка кредитираше фирми блиски на Заев а сега ќе формира партија

Најавата буди скепса кај дел од јавноста поради матните ситуации во кои се наоѓаше бизнисменот

Поранешниот градоначалник на Скопје и екс независен пратеник Трифун Костовски ќе формира политичка партија.

Контроверзниот Костовски Трифун Костовски објави повик за формирање нов политички субјект, велејќи дека Македонија е „на крстопат“ и дека граѓаните мораат да ја „вратат државата“ од корупција, иселување и безнадежност.

Костовски кој три децении е во блиски врски со политичката елита од сите партии сега ја критикува истата таа целокупната политичка елита за недостиг на визија, фокус на партиски интереси и слаба економија.

Тој предлага партија без национално и верско обележје, со акцент на економија, правда, дипломатија и култура, и повикува граѓани да се приклучат.

Костовски е еден од главните акционери и поранешен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка, која заврши во стечај, оставајќи илјадници оштетени штедачи. Неговиот син Коста Костовски долги години бил на чело на кредитните одбори на банката, а оштетените често го обвинуваат семејството за сомнителни кредити и извлекување средства.

Според повеќе медиумски извештаи и обвинувања од поранешната опозиција и оштетени штедачи, меѓу фирмите должници на Еуростандард банка имаше компании поврзани со семејството на Зоран Заев.

Фирма на Вице Заев (брат на Зоран Заев): Компанијата Сараинџинеринг (Sara Engineering / Сараинжинеринг) се споменуваше како една од фирмите што земале кредити. ВМРО-ДПМНЕ за време на аферата тврдеше дека 29 струмички фирми, вклучувајќи ја оваа, профитирале околу 13 милиони евра од неплаќање кредити.

Овие фирми се поврзуваат со Струмица. родниот град на Заев и се опишуваат како „блиски до Заеви“.

Според екс опозицијата Заев признал дека неговиот брат Вице е „доверителски поврзан“ со банката, но негирал директна вмешаност во криминал.

Иако банката требало да оди во стечај порано Еуростандард банка пропадна во стечај само неколку недели по парламентарните изборите 2020 година со што владата на СДСМ се спаси од скандал.

Офоцијално банката пропадна поради големи проблеми со наплата на кредити.

Голем дел од должниците беа струмички компании, а опозицијата и здружението на оштетени штедачи ја обвинуваа власта (СДСМ и Заев) дека преку блиски фирми се „испумпувале“ пари од депозитите.

Народната банка на РМ во 2021 година поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во банката за предизвикување стечај.

Во Февруари 2021 Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четворица лица (меѓу нив Трифун Костовски и неговиот син Коста Костовски), осомничени за перење пари и предизвикување стечај преку незаконски кредити и трансакции во 2018–2019 година.

И покрај истрагата, се уште нема поднесено обвинение, нема судска постапка и нема осуди. Оштетените штедачи повеќе пати јавно реагираа дека поминаа пет години без правда.

Критичарите забележуваат дека Костовски веќе подолго време најавува слични иницијативи, но без конкретни резултати, и дека неговите повици за „патриотизам“ и „правда“ доаѓаат од човек кој самиот е дел од бизнис-елитата често поврзувана со контроверзи.

Дали ова е вистинска нова надеж или уште еден обид за политички рехабилитација, останува да се види. Засега, објавата останува на ниво на општи патриотски пораки без детална програма или јасен тим.

Најнови вести од: Македонија

Екстрадицијата на Груевски продолжува и покрај наводното унгарско државјанство

Министерството за правда соопшти дека Никола Груевски, и покрај објавите за стекнување унгарско државјанство, останува државјанин на Република Северна Македонија и дека постапката за неговата екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство и меѓународните конвенции.

Нема никакви проблеми во авиосообраќајот, велат од М-НАВ

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација,  информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. 

Матура 2026: Tри испити, една генерација и старото прашање – Што навистина проверуваме?!

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од државната матура за повеќе од 14.500 матуранти во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Првиот екстерен испит ќе се полага на 6 јуни од 9 часот, а учениците ќе избираат меѓу странски јазик, математика или историја, во зависност од типот на матурата. Најголем дел од кандидатите – 13.208 се пријавени за англиски јазик.

Премиерот очекува детали за идејата за постепена интеграција во ЕУ на самитот во Тиват

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ги следи новите идеи за проширување на Европската Унија, но оцени дека е рано за коментари сè додека предлозите не добијат официјална форма.

To top