Македонија

Тричковски ја прогласи Најчевска за ,,морон без памет”

Тешки навреди од идеологот на СДСМ кој ги фали Османи и Заев за професорката

Еден од идеолозите на СДСМ кој заедно со Љубомир Фрчкоски ги трасираат политиките на Бихаќка новинарот Бранко Тричковски реагира на ставот на професорката Мирјана Најчевска која го прогласи Бујар Османи и други финкционери од ДУИ за криминалци за прифаќање на протоколот со Софија.

Тричковски во коментар за ,,Вториот протокол и најчевскиот елемент” вели дека професорката мутирала во ,,вмронка без памет

“Сеʼ додека медиумите ги третираат криминалците како Бујар Османи како релевантни соговорници и се додека не се најде јавен обвинител кој ќе поведе постапка против него за злоупотреба на службената должност и велепредавство, и се додека не биде поништен Вториот протокол, Македонија нема шанси да се извлече од стапицата која и ја постави мафијата на Али Ахмети во соработка со бугарската власт“, изјави преходно Најчевска.

,,Ја читам Најчевска и си велам: Добро, бе, Тричко, нели ти се чини дека Македонија не е заглавена во стапицата што ја поставила Мафијата на Али Ахмети и Османи во соработка со бугарската власт, туку најчевската памет која од бледо модернистичка форма мутираше во класична вморонска беспаметност и општа состојба на духот”, смета Тричковски според кого фолозофот Фуко би го наградил Османи со орден заслуги за народ.

Тричковски е убеден дека Османи и Заев направиле добро дело затоа што се обиделе да ја поместат Македонија од фиксната точка со познати координати.

,,Вториот протокол бара да ги ревидираме пуфките за таканаречените историски личности, настани и организации што ги имаме собрано од улиците, кафеаните, театрите и академиите по Софија и да кажеме дека тие се бугарски фигури кои ние Македонците ги третираме како фигури кои и претходат на националната конституција на Македонците и и имаат придонес во тој процес.
Што е тука фактички спорно и идејно и политички грешно?!”, прашува идеологот на СДСМ.

Според него освен тие разбирливи барања има и еден кчучен момент за посебноста на македонската нација:

“Република С. Македонија ќе преземе мерки за да обезбеди ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во Република Северна Македонија..”
Значи “на бугарската заедница”, а на друго место стои “дел од бугарскиот народ” за тие што треба да ги внесеме во Уставот.
Тоа е.
Не е идеално
од аспект на македонската комоција наследена од Југославија но борбата за афирмација и просперитет бара тотално нов пристап”, пишува Тричковски навредувајќи ја Најчевска.

Најнови вести од: Македонија

To top