Македонија

Д-р Сашко Кедев, првиот Македонец кој ги освои сите врвови над 8.000 м. во светот

Првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачи сите 14 врвови од над 8000 м и највисоките врвови на сите 7 континенти (7 Summits)

Тој утрово беше дел од тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“, кој успешно го искачи Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан.

Покрај д-р Сашко Кедев (Македонија), во тимот беа Ванг Жонг (Кина) и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.

„Со ова успешно искачување, д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!“ се наведува во објавата на експедицијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top