Македонија

Водечки македонски кривичари категорични дека во случајот Жан Митрев нема измама (ВИДЕО)

На јавна трибина Калајџиев категорично ги потврди неговиот и ставот на Камбовски дека во случајот Жан Митрев нема измама

Панел-дискусијата организирана од Асоцијацијата за Еднаквост и Социјална Правда на тема: „ПР – ПРавда, ПРогон или ПРопаганда“ донесе интересна дебата за врската меѓу правдата, медиумите, јавната комуникација и можните злоупотреби со наративи во јавниот простор.

Панелистите разговараа дали одредени случаи или процеси се вистинска правда, дали станува збор за прогон (политички или селективен прогон на поединци) и
ли се работи за пропаганда и манипулација преку медиуми и јавно мислење?

Главен заклучок од трибината е дека организирани медиумски хајки однапред ги осудуваат обвинетите и им вршат притисок на судиите да не ги ослободат дури и во очигледно конструирани процеси.

На дебатата дојде до судир меѓу водечкиот македонски експерт за кривично право Гордан Калајџиев и претставник на Истражувачката медиумска лабораторија позната како ИРЛ која досега два пати е осудена за клевета.

Токму филмот на ИРЛ за Жан Митрев и неговата клиника беше повод за влез на десетици инспектори на владата на Заев за кој беше споменато дека заедно со актуелниот лидер на СДСМ Венко Филипче имале интерес да ја купат оваа клиника.

За овој случај во моментов има судски процес

Иако обвинителството цели три години го гони Жан Митрев за измама досега на судењето не беше презентиран ниту еден доказ дека имало измама.

На настанот се одржа пред неколку дена во Хотел Солун во Скопје Калајџиев потенцираше дека стои зад својата аргументаци и убеден е дека тоа што го направил Жан Митрев не е кривично дело измама туку тој помагал на пациенти во корона кризата.

Калајџиев во обраќањето одговара на спин прасање на претставник на Ирл при што го цитира и академикот професор Владо Камбовски кој исто така смета дека нема случај со Жан Митрев.

Претставникот на ИРЛ во прашањето го цитира Калајџиев според кого медиумите се продолжени центри на моќ, го навел и примерот со Макпетрол а алудирал на случајот со Жан митрев при што го споменал случајот со О Џеј Симпсон кој имал да плати советници.

ИРЛ во овој контекст прашува каде е обичниот човек кој не може да плати скапи адвокати советници и професори.

Прашањето од ИРЛ е манипулативен спин бидејки Калајџиев во воведот зборува за влијание на медиумите и во тој контекст го спомнува О Џеј Симсон како глобално медиумски покриен судски предмет.

Калајџиев во никаков контекст не алудира на Жан Митрев, напротив тој зборува за темата медиумски хајки со кои некој, во случајов хајка од ИРЛ против Жан Митрев во која тој беше однапред осуден и поради што судиите се плашат да го ослободат.

Токму затоа Калаџиев вели дека стои зад целата правна аргументација дека нема измама од Жан Митрев.

Во видеото на Коха можете да ја видите целата трибина

 

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

To top