Македонија

По пеколните температури, денеска дожд

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

 

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.

На одделни места се очекува појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови од земјата повремено ќе биде и засилен од западен правец, со брзина што локално може да надмине 60 километри на час.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност, која може да донесе пороен дожд и појава на грмежи.

Метеоролозите препорачуваат внимателност при движење на отворено, особено во подрачјата каде што се очекуваат поинтензивни врнежи и засилен ветер.

Најнови вести од: Македонија

Попладнево премиерот Мицкоски ќе го прими Антонио Кошта

Мојата турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати – изјави Кошта пред посетата на Западе Балкан

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

-Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни не очекува реконструкција на Владата, и ќе видиме ќе разговараме со нашите коалициони партнери во рамките на Владата, рече Мицкоски

To top