Македонија

Мицкоски пред средбата со Кошта: Не влегуваме во авантура без јасен крај

Мицкоски додаде дека Владата е подготвена брзо да ја спроведе реформската агенда, но дека процесот мора да биде двонасочен

Премиерот Христијан Мицкоски пред средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека ставот на Владата е непроменлив – нема нови отстапки во евроинтегративниот процес без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија.

„Немам намера како претседател на Влада да поддржам авантура, без притоа да знам дека ќе има извесен крај. Три и пол децении граѓаните беа сведоци на такви политички авантури и гимнастики. Нефер и несериозно е да се очекува дека кога наеднаш ќе дојде висок европски политичар ние ќе ја промениме позицијата“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека прво треба да се имплементираат пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а потоа да се разговара за следните чекори.

„За да ја изградиме довербата треба да видиме испорака и од таа страна. Ако сите европски политичари се едногласни дека нема да има повеќе условувања, тогаш најмалку што можеме ние да добиеме се нови заклучоци“, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека Владата е подготвена брзо да ја спроведе реформската агенда, но дека процесот мора да биде двонасочен.

Средба со Кошта

Премиерот Мицкоски денеска во 17:25 часот ќе има тет-а-тет средба со Антонио Кошта, по што следува пленарен состанок на двете делегации. Во 18:30 часот е предвидена заедничка прес-конференција.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top