Македонија

Нов, затворен пливачки базен во Карпош

Со реализација на овој проект испраќаме силна порака дека грижата за младите останува наш врвен приоритет

Општина Карпош добива нов, затворен пливачки базен од втора категорија, значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации. Станува збор за современ спортски објект со дименизии од 25 метри должина и 9 метри ширина, со длабочина која се движи од 0.80 до 1.20 метри, што овозможува безбедно користење и реализација на наставните и рекреативните активности. Базенот е изграден согласно современите стандарди за функционалност, безбедност и енергетска ефикасност, со што се обезбедени кавлитетни услови за развој на пливачките вештини. Изградбата на базенот започна во септември 2023 година, а е целосно завршена во 2026 година.

Овој значаен капителен проект е реазлизиран со поддршка на Владата, преку Министерството за спорт, кое ја обезбеди главната инвестиција од 46.700.000 денари за изградба. Во реализацијата активно учествуваше и Општина Карпош преку обезбедување дел од потребните средства и обврски за ставање на објектот во функција, преку изведба и финансирање на приклучоците за водоснабдување и електрична енергија. Изведувач на изградбата на базенот е „Конструктор“, по проект на „ВЕЛАРТ“, а со надзор на „МГ Проект“.

„Во наредниот период, Општина Карпош, заедно со Советот ќе донесе одлуки за моделот на функционирање и управување со базенот, со цел сите дечиња од општинските основни училишта, на возраст до 9 години да научат да пливаат и преку тоа да допринесеме до здрав психо-физички развој на младите. Во соработка со училиштата ќе договориме динамика и начин на реализирање на часовите по пливање.“ – истакна заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски

Целта на овој современ спортски капацитет е да биде максимално искористен и достапен, не само за воспитно-образовниот процес, туку и за спортските клубови за млади пливачи. Затворениот пливачки базен ќе биде во служба на сегашните и идните генерации, обезбедувајќи современи услови за учење, спорт и личен развој. Со реализација на овој проект испраќаме силна порака дека грижата за младите останува наш врвен приоритет.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top