Бизнис

Николоски: Околу 103 километри патишта досега се рехабилитирани, целосно обновени, новоизградени или се во фаза на изградба

Се купуваат 49 возила од различен тип, кои треба да му помогнат на Град Скопје и на другите општини за подобрување на состојбата со хигиената

Во периодот од јуни 2024 до јуни 2026 година беа потпишани договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на заедничката прес-конференција со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово, Карол Межеван, пред почетокот на Работилницата посветена на изработка на Планови за одржлива урбана мобилност, што се одржа во ЗЕЛС.

Министерот посочи дека рехабилитирани се 96 улици во 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта. Додаде дека тоа значи дека околу 103 километри патишта се рехабилитирани, целосно обновени, новоизградени или се во фаза на изградба, со поддршка од ЗЕЛС и на Светската банка.

Николоски ја најави и како што рече досега најголемата поддршка за одржување и подобрување на хигиенските услови во општините.

– Се купуваат 49 возила од различен тип, кои треба да му помогнат на Град Скопје и на другите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со вкупна вредност од 1,5 милион евра, 3 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони, кои се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење улици во вредност од 1,3 милиона евра или вкупно, како што кажав, за 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила со поддршка на Светската банка, што сериозно ќе помогне во подобрување на состојбата со хигиената – рече Николоски.

Посочи дека ова е најголем инвестициски циклус во општините и најави дека ваквите активности ќе продолжат и во следниот период.

Николоски додаде дека веќе разговараат со Светската банка за нови проекти насочени кон подобрување на условите во општините, како и за други иницијативи на кои ќе работат.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

Најнови вести

To top