Македонија

Проектот за брз автобуски превоз – БРТ повторно се враќа во фокусот на градските власти

Брз автобуски превоз – БРТ

По период на застој, проектот Брз автобуски превоз – БРТ повторно е ставен во фокусот на градските власти како дел од планот за модернизација на сообраќајната инфраструктура и урбаната мобилност во Скопје. За реализација на проектот ќе бидат искористени средства во износ од 70 милиони евра обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој. Според градоначалникот Орце Ѓорѓевски, станува збор за една од најзначајните инвестиции во последниот период. Во наредните три до четири години се предвидува и развој на велосипедска инфраструктура, проширување на пешачките зони и воведување алтернативни начини на движење низ градот.

„Конечно го откочивме целиот процес и се подготвуваме за започнување на прелиминарната фаза. Овој проект ќе има значително влијание врз мобилноста во Скопје“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје.

Проектот БРТ, најавен уште во 2019 година е замислен по принцип на метро, со посебни ленти за движење и приоритет на раскрсници, кој нема да поминува низ средишното зеленило. Наместо тоа, ќе се движи по крајните сообраќајни ленти, а ќе биде засадено и ново зеленило како бариера помеѓу БРТ и останатиот сообраќај. Паралелно со овие активности, во тек е и постапката за набавка на 100 нови еколошки автобуси. Се очекува новиот систем да обезбеди побрз и посигурен јавен превоз, со цел да се намалат сообраќајните метежи, времето на патување, како и загадувањето на воздухот.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top