Хроника

Малолетник тешко повредил жена со електричен тротинет во Тетово

Жената во неконтактибилна состојба била префрлена во Клиничкиот центар во Скопје по ударот од 16-годишникот

Нов инцидент со електричен тротинет, овојпат во Тетово и со тешки последици за пешак.

„Денеска околу 10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, пред главниот суд, се случила сообраќајна незгода во која електричен тротинет управуван од 16-годишно момче од село Лисец, го удрил пешакот И.Ѓ. (32) (женско) од село Непроштено. По несреќата,  И.Ѓ. во бесконтактна состојба веднаш била однесена во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош, од каде, поради сериозноста на повредите, била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопјe. Екипа на СВР Тетово извршила увид на местото на настанот“, соопшти полицијата.

Најнови вести од: Хроника

Во акции низ Македонија од 27 јули до 2 август 2026 приведени повеќе од 70 дилери на дрога, меѓу кои и од Белгија, Турција и Германија!

Министерството за внатрешни работи во текот изминатата седмица спроведе засилени акции против недозволената трговија со дрога, при што на територијата на целата држава биле уапсени и приведени повеќе од 70 лица. Акциските контроли биле реализирани од 27 јули до 2 август 2026 година, поради сомнение за сторени кривични дела и прекршоци, поврзани со недозволена трговија и поседување дрога.

To top