Хроника

Деветгодишен ученик се задави со парче крофна

Реанимацијата, која ја започнале наставниците, а потоа ја продолжија работниците од итната помош, траела помеѓу 45 и 50 минути, но безуспешно

Деветгодишен ученик во основно училиште во Велика Горица, Хрватска, почина вчера откако се задави со парче крофна за време на одморот, објавија хрватски медиуми.

Наставниците веднаш му притрчале на помош, повикале брза помош и започнале со реанимација.

Дежурната докторка во Загребскиот жупански завод за итна медицинска помош, Сања Кос, која учествувала во интервенцијата, вели дека детето јадело крофна „и очигледно вдишало големо парче во дишните патишта. Децата што биле до него рекле дека посинело, престанало да дише и ја изгубило свеста и се струполило“.

Кога екипата за итни случаи пристигнала во училиштето, наставниците веќе изведувале срцева масажа и вештачко дишење.

„Детето веќе беше сино и не одговараше на повици ниту на допир. Не дишеше, а срцето не му чукаше. Продолживме со постапката за реанимација, но во еден момент забележавме одредени знаци на смрт. Ја прекинавме реанимацијата во 15:35 часот“, рече докторката.

Реанимацијата траеше речиси 50 минути
Според докторката, реанимацијата, која ја започнаа наставниците, а потоа ја продолжија работниците од итната помош, траеше помеѓу 45 и 50 минути.

Според докторката Кос, случаите на задушување со храна, иако ретки, се случуваат и дека е важно навреме да се препознае дали станува збор за лесна или тешка форма на задушување и веднаш да се примени прва помош.

Најнови вести од: Хроника

Бегалецот од прилепскиот затвор Ѓ.З. (35) од Битола фатен по извршена кражба во маркет заедно со А.Ј. (29)

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив бил баран со потерница, поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Пронајдени повеќе од два килограма марихуана во домот на Б.Н.(25) од скопско Арачиново – уапсен е

Вчера, на 24.07.2026 година полицајци од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по наредба на Основниот кривичен суд Скопје извршиле претрес во домот и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.

М.Д.(32) од Кавадарци измамил кумановка (50) за 9 илјади евра, ветувајќи ѝ „посредување за странски пасош

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово вчера на Градски плоштад во Кавадарци го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра.

To top