Македонија

За едно се залага, друго работи – стари ветувања од СДСМ

Критики за новата платформа на СДСМ

Евтини станови за тие што прв пат купуваат, намаленио ДДВ, по 10 илјади евра за младите, укинување на персонален данок – многу е лесно да се даваат идеји кога сте во опозиција, но како после цели 7 години на власт не беше остварена ниту една од тие. И не се само економските мерки – СДСМ преку својата платформа „Твоја држава – твоја шанса“ нуди и предлози кои беа тема на разговор и додека беа на власт, како што се ветинг на политичари, радикална меритократија, анонимно вработување, повисоки плати,  професионализација на  дипломатијата и реформи на судството. Ветуваат големи промени во политичко-општествениот живот на Македонија, но критичарите прашуваат зошто сите овие ветувања од платформата не беа реализирани кога СДСМ беше на власт, и во време кога токму сегашниот лидер Венко Филипче беше министер и еден креаторите на политиките.

СДСМ во последните 30 години, особено во седумте години на Зоран Заев беше во позиција да донесе значајни, крупни, реформски одлуки и да реши многу прашања кои останаа во тој период нерешени. И за ветингот во судството и за политичарите, и за еконоски прашања, концепти за вработувања, сето тоа беше на маса кога СДСМ беше на власт и клучното прашање е ако една екипа, една номенклатура на таа партија која е практично сијамски поврзана со претходната, а која не била способна да направи значајни промени, како тоа ќе биде способна откако ќе дојде на власт – вели Героски.

Во платформата на СДСМ се ветува европеизација на Македонија, дури и како што велат, силна одбрана на идентитетот. Прашањето е како тоа ќе го спроведат ако се има предвид дека во моментов Филипче е еден од најгласните политичари во Македонија кој упорнмо бара да се прифати бугарската уцена за ставње на бугарите во уставот.

СДСМ во 2021 година гласаше за една собраниска декларација за позициите на Македонија во спорот со Бугарија во евроатланскиот процес и СДСМ презеде обврска за почитување на историскиот континуитет на македонската нација, идентитетот, изворниот карактер на јазикот, проблемот е во тоа што од 2021 година во континуитет СДСМ работи целосно спротивно од тие преземени заложби – додава Героски.

Новата платформа на СДСМ беше усвоена на неделниот 32 партиски конгрес.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top