На Самитот, како што јави известувачот на МИА, претседателката ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“.
Сиљановска-Давкова најавувајќи ги разговорите со бугарската претседателка Јотова, во телевизиско интервју изјави дека средбата ќе биде продолжение на претходните контакти и можност за зајакнување на довербата и оти очекува да се отворат и суштински прашања во односите меѓу двете земји.
Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба
„Тоа е природно продолжение на нашата средба во Ереван на едно пријатно женско говорење. Мислам дека треба да го продолжиме тоа и затоа во текот на разговорот со вас ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Ако граѓаните не контактираат, ако заеднички не учествуваме во проекти… морам да кажам, кога првпат го сретнав господинот Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, сите што бевме присутни на работниот ручек, каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу, многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние bona fide да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите“, рече Сиљановска-Давкова.
Република Македонија од денска го презема претседавањето со со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИ). Слоганот „Премостување на поделбите, градење доверба“ ќе биде воде
Домаќин на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) е претседателката на Бугарија Јотова, а на самитот ќе учествуват и претседателите на Албанија Бајрам Бегај, на Словенија Наташа Пирц Мусар и на Црна Гора Јаков Милатовиќ, претседавачот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ, молдавскиот премиер Александру Мунтеану, министрите за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, на Грција Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман и Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ.
Пред почетокот на Самитот, во рамките на бугарското претседавање со ПСЈИЕ, ќе се одржи Состанок на министрите за надворешни работи на кој ќе учествува министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да каж
Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“. Во фокусот на дискусиите ќе бидат европската перспектива на Југоисточна Европа, унапредувањето на регионалната соработка, зајакнувањето на безбедноста и отпорноста на регионот, како и продлабочувањето на економската интеграција, конкурентноста и поврзаноста во услови на актуелните геополитички предизвици. На состанокот се очекува да биде усвоена заедничка декларација со која ќе се потврди посветеноста на учесниците кон мирот, стабилноста, одржливиот развој, регионалната соработка и европската иднина на Југоисточна Европа.
Самитот на шефови и држави претставува завршен настан од претседателството на Бугарија со ПСЈИЕ, кое земјата го презеде од Албанија во 2025 година. За време на самитот, Бугарија ќе го предаде претседателството на Романија за следниот годишен мандат.
ПСЈИЕ претставува највисок политички форум за регионална соработка во Југоисточна Европа и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција на регионот. Иницијативата започна во 1996 година токму во Софија. Со текот на годините, бројот на земји учеснички се прошири на 13 и сега дел од ПСЈИЕ се Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Македонија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора. МИА