Македонија

Се собрале живи мртовци – Македонците во Бугарија предмет на жесток говор на омраза

Неверојатен говор на омраза кон Македонците: Копилиња, алкохоличари, малоумни ретарди, прљави пијаници, предавници, дрва без корен, глупави, испрани мозоци…

Партијата на Македонците во Бугарија која властите во Софија одбиваат да ја регистрираат објави делнод говорот на омраза кон македонците на совијалните мрежи.

ОМО Илинден Пирин бара отфрлање на ваквата јавна комуникација во бугарското општество.

Меѓу другото Македонците во овие објави се нарекуваат: копилиња, алкохоличари, малоумни ретарди, прљави пијаници, предавници, дрва без корен, глупави, испрани мозоци, посрани мрцетини, живи мртовци, предизвикувачи на хаос, фекалии а има и јавни повици да се запалат живи финансиерите на македонската партија.

,,Кога македонскиот народ се собира да го оддаде почит на својот национален херој преку песни и ора, да ја прослави културата, единството и гордоста”, објави Омо Илинден Пирин кој го информира Бугарскиот Хелсиншки комитет, во случај да се заинтересирани да го разберат секојдневното понижување со кое се соочуваат Македонците.

,,Овој тон на јазик е неприфатлив на јавно место.
Ширење омраза, дискриминација, расна нетолеранција, повикување на Македонците да бидат колени, истребени… етнички исчистени!

⚖️ Дали овие луѓе ќе бидат изведени пред судот на правдата?
⁉️ Дали ова се #ЕУ Вредности”, прашува Омо Илинден Пирин објавувајќи повеќе хаштагови:

#НиеСмеМакедонци
#дискриминацијана #МакедонскотоМалцинствово #Бугарија
#Постоиме #СакамеЧовековиПрава
#говорнаомраза
#БугарскиШовинизам
#раснипредрасуди

Најнови вести од: Македонија

Официјално: Поранешниот градоначалник на Карпош мора да се јави во затворот „Шутка“ најдоцна до 2 јули

Согласно законските процедури, судијата за извршување на санкции официјално му го достави упатниот акт на С.Ј., со што се утврдува обврската осудениот да ја издржи едногодишната затворска казна.

ВРЕДИ за „крокодилските солзи“ на Али Ахмети и ДУИ

ДУИ ја призна вината за правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со своја уста гхого кажа она што ВРЕДИ го кажува со месеци дека  ДУИ беше на власт, не му даде приоритет ниту на албанскиот јазик ниту на правосудниот испит

Мицкоски: Преферираме редовни избори во 2028, но сме подготвени за сите сценарија

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и натаму ја преферира опцијата за редовни парламентарни избори во 2028 година, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за други можни политички сценарија.

Димитровски: Странските претставници ни велат дека нашиот проблем е опозицијата, која вели дека треба да се смени Уставот

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, оцени дека Македонија го има клучниот проблем да ги почне преговорите со Европската Унија, а тој проблем е билатерален и наметнат од Бугарија, иако Софија постојано тврди дека станува збор за работа со ЕУ.

To top