Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и Иран се блиску до потпишување договор што треба да ја заврши војната на Блискиот Исток.
Трамп ја сподели веста за прекин на непријателствата за време на телефонски разговор со политичките сојузници, повторувајќи дека ја постигнал својата клучна цел во надворешната политика.
„Не знам дали слушнавте, но денес ја завршивме војната со Иран“, рече Трамп.
„Тие се согласија никогаш да немаат нуклеарно оружје, што е нешто на што инсистиравме; тоа беше целата поента. Тоа беше 95 проценти од тоа.“
Си-Ен-Ен му изброи: Трамп 37 пати најави крај на војната со Иран
Додека Трамп ветуваше брз крај на конфликтот и формална церемонија на потпишување во Европа овој викенд, Техеран беше многу повоздржан.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави на државната телевизија дека извештаите за конечен договор се „шпекулативни“ и дека „сè уште ништо не е финализирано“.
Багаеи потврди дека голем дел од текстот на меморандумот е договорен, но го обвини Вашингтон дека поставува „прекумерни барања“ и „нови услови“ во последен момент, нагласувајќи дека Иран нема да отстапи од своите „црвени линии“.
Trump: “We ended the war with Iran today” pic.twitter.com/ewMvUWDtSP
— Faytuks Network (@FaytuksNetwork) June 11, 2026