Хроника

Финансиска измама во Тетово: Тетовчанка оштетена за над 80.000 денари

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сторителите.

Педесетгодишна жителка на Тетово пријавила во полиција злоупотреба на нејзината дебитна платежна картичка, откако утврдила дека од нејзината трансакциска сметка биле извршени повеќе неовластени трансакции.

Според информациите од СВР Тетово, пријавата била поднесена на 18 јуни во 14:00 часот. Жената навела дека во текот на мај забележала недостиг на средства, но поради подолго боледување не можела веднаш да го провери случајот.

На 17 јуни, откако подигнала банкарски извештај, констатирала дека во периодот од 23 мај 2025 до 12 мај 2026 година биле реализирани повеќе неовластени трансакции, при што била оштетена за околу 80.273 денари.

Таа истакнала дека платежната картичка и податоците од неа никогаш не ги споделила со трети лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сторителите.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top