Македонија

Таравари: Со нов договор можеме да станеме дел од владата

„Понижувачки да се влезе од каде што си заминал“, но не ја исклучува можноста тоа да се случи

 

Првиот човек на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари,  не ја исклучува можноста од враќање во извршната власт.

Во емисијата „Дебата не Шења“.и запрашан даали може да се случи враќање на Алијансата за Албанците во Владата, претседателот на АА, Арбен Таравари изјави дека е „понижувачки да се влезе од каде што си заминал“, но не ја исклучува можноста тоа да се случи со нов договор.

Само со нов договор во кој би имало барем гаранција за почеток на преговорите со ЕУ и уставни измени во тој случај може да се разговара“, рече Таравари, додавајќи дека во спротивно нема што да се разговара.Телеграфи

 

Најнови вести од: Македонија

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

Илиевска: ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата реализира уште повеќе и за пензиите, за секој пензионер линеарно ги зголеми за 7.000 денари, вели Дијана Илиевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Над 40 проекти на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции.

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

„Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.“ – објави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук-профил.

To top