Македонија

Митре и Каролина го однесоа македонскиот вкус на далечниот исток (ВИДЕО)

Брачнииот пар од Македонија имале за цел на жителите на Сингапур да им ги доближат традиционалните рецепти што ги наследиле од своите семејства

Ако на аеродромот во Сингапур почувствувате мирис на бурек или ви се причини дека слушате југословенска музика, не си замислувате, „Кафе Југославија“ е познато „парче од Балканот“ во оваа егзотична земја, пишува Нова тв..

Синџирот кафулиња и пекарници под името „Југославија“ во Сингапур привлекува внимание не само со своето име, туку и со целиот концепт. За брзо време стана атракција, а засега има три локации во Сингапур, од кои особено внимание привлече објектот на познатиот аеродром.

Го основале Митре и Катерина од Македонија со желба на жителите на Сингапур да им ги доближат традиционалните рецепти што ги наследиле од своите семејства.
Тука се служат бурек (и со месо и со сирење), кифли, ванилици, штрудли, баклави, бајадери, ѓевреци… И, секако, домашно кафе – сопствениците инсистираат на балканската култура на пиење кафе, па затоа не е чудно што гостите остануваат подолго отколку што планирале.
Како што може да се прочита на интернет-страницата на локалот, „Спирит оф Југославија бејкери енд кафе“ има мисија да им доближи нова димензија на храната и културата на жителите на Сингапур, а тоа го прави преку понудата на специјалитети од овие простори, но и преку амбиентот.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Бугарија со дипломатска нота за семејството на Мицкоски – неприфатлив преседан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради објавувањето на дипломатска нота од Бугарија за престојот на сопругата и малолетниот син на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово.

Конгресот врши притисок врз Трамп: Резолуција за спречување на продолжена војна со Иран

Најголемото значење на гласањето е што за првпат значителен број републиканци јавно се спротивставија на продолжување на конфликтот, што е сигнал дека дури и во неговата партија претседателот Трамп нема неограничена поддршка за натамошна ескалација со Иран.

To top