Македонија

Потпишан меморандум за реализација на стратешки проект вреден една милијарда евра

„Казанџи груп“ е светски гигант во енергетиката со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемаил, одржа прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата.

-Денеска испраќаме јасен сигнал дека имаме волја, план и капацитет да го обезбедиме својот енергетски суверенитет и да го заштитиме својот економски имтерес на државата на долги патеки.

Со потпишувањето на овој Меморандум со „Казанџи груп“, отвораме простор за реализција на значаен стратешки проект вреден со една милијарда евра. Инвестиција што ќе има реално, практично и долгорочно влијание врз енергерскиот систем на државата,и изјави Мицкоски.

Проектот предвидува три главни компоненти:
Развој на нови капацитети за производство на електрична енергија
Изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас, како и мерки за зголемување на сигурноста во снадбување со гас.

-Ова не е само инфраструктурен проект, ова е проект што ја засега безбедноста, стабилноста и економската иднина на државата, потенцираше Мицкоски.

Во обраќењето премиерот Мицкоски додаде:

„Енергијата е основа за секој вид производство, за функционирањето на институциите, за нормалниот живот на граѓаните. Да имаме свој извор и стабилна дистрибуција значи да имаме сигурност, предвидливост и контрола врз еден од најважните системи во државата.

Со оваа инвестиција се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата. Истовремено, со развојот на домашни производствени капацитети ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици.

Оваа соработка е резултат на одговорен пристап, јасна визија и стабилно владеење. Сакам да упатам благодарност до „Казанџи Груп“ за довербата што ја покажаа кон нашата држава и институциите. Македонија нуди услови за сериозни и долгорочни инвестиции, и денешниот настан е доказ за тоа.

Како Влада, остануваме фокусирани на енергетските политики, не како ад-хок мерки, туку како дел од долгорочен и доследен план. Нашата цел е јасна, да ја изградиме државата како стабилен и самостоен енергетски субјект во регионот.

Во вакви моменти, кога се поставуваат основи за системски промени, важно е да се потсетиме дека ова не е крајната цел, туку почеток на процес што ќе го следиме внимателно, одговорно и домаќински. Ќе продолжиме да инвестираме во енергетиката, но и во секој друг сектор што значи подобар живот за граѓаните.

Ова е уште еден конкретен чекор напред. Со работа, со стабилност и со партнерства, ги отвораме можностите што ги заслужуваме. Вака ги градиме темелите на промените. Чесно, одговорно и посветено во секое поле и област“.

„Казанџи груп“ е светски гигант во енергетиката со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.

Најнови вести од: Македонија

„Вреди“: Граѓаните нема да му поверуваат на Османи и неговите лажни приказни

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“. „Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите […]

Манасиевски: Политичкиот прогон на Заев, Спасовски и Ахмети заврши, сега доаѓа време на правда и одговорност

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има одговорност за секој еден кој ќе покаже непримерно или незаконско поведение. Нема веќе заштитени и институциите постапуваат без разлика кој е тој што ги кршел правилата, истакна на прес-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „За разлика од едно друго време, кога СДС и ДУИ ги употребуваа институциите за злоупотреба […]

24 години Охридски рамковен договор: Пораки за единство, соживот и заедничка иднина

На свечената седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина. „Државата ја имаме само ако ја чуваме заедно,“ рече Мицкоски,. Тој призна дека потпишувањето на договорот не било лесно за никого: […]

Скопјанец мавал со камења по полициски хеликоптер додека полнел вода за да гасне пожар и ја загрозил крајно нивната безбедност!

„Случајна забава“, или намерно загрозување на безбедноста на пилотите на хеликоптерот и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните?!

To top