Македонија

Мицкоски: Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат

Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, порача премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски со жестока реакција за најавата од СДСМ и од Левица за блокирање на донесувањето на новиот Изборен законик, за кој Собранието денеска реши да се носи по скратена постапка.

Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади.

Повторно ќе добиеме најмногу буџетски средства и повторно ќе добиеме најмногу отворени фондови за финансирање на проекти.
Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи.
Ајде вака: предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори. Веднаш ќе ви ги прифатиме. Повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик.
Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога во светот вештачката интелигенција ќе има клучна улога.
Имате шанса овој пат вистински и суштински да бидете за европската иднина на Македонија, не со менување на Уставот, туку со реформи!“, ѝ порача Мицкоски на опозицијата преку социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред сам да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top