Свет

ОН: Бројот на мртви во земјотресите во Венецуела би можел да достигне 10.000!

Обединетите нации се подготвуваат за најлошото сценарио и се надеваат дека црните прогнози нема докрај да се остварат

Координаторот за хуманитарни прашања на Обединетите нации за Венецуела, Џанлука Рампоља дел Тиндаро, денеска објави дека ОН се подготвува за можноста бројот на жртви од земјотресите што неодамна ја погодија земјата да достигне 10.000.

Повикувајќи се на најновата официјална бројка од 1.450 жртви од земјотресите што се случија на 24 јуни, тој рече дека бројката „неизбежно и за жал ќе продолжи да расте“, објави Скај њуз.

Тиндаро додаде дека ОН работи со претпоставката дека бројот ќе се искачи на 10.000 мртви, но изрази надеж дека „бројката всушност ќе биде помала од тоа“.

Тој рече дека венецуелската влада води голема хуманитарна операција во земјата.

„Најмалку 2.500 објекти се погодени од катастрофата, од кои повеќето се урнаа“, изјави претставникот на ОН.

Тиндаро, исто така, рече дека се очекува „тропскиот бран“ што ќе ја достигне Венецуела да донесе обилни врнежи од дожд во следните неколку часа, што, според него, би можело да предизвика тешкотии за раселените лица од земјотресот.

На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два исклучително силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди.

Крајбрежната држава Ла Гваира беше најтешко погодена, а вкупниот број на жртви во земјата надмина 1.450 луѓе, илјадници беа повредени, а десетици илјади беа исчезнати и раселени.

По овие два разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од околу стотина последователни потреси со помал интензитет.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top