Македонија

До 2.000 евра казна за неовластено движење во шума

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои  управуваат

 

Поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор, од утре, 1 јули па се до крајот на август, стапува во сила целосна забрана за движење во шумите.

Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои  управуваат.

„За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност“, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите –  ЈП „Национални шуми“ и  Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја,  даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top