Свет

Кремљ планира да увезува гориво!

Русија увезуваше значителни количини горива само во 1990-тите, по распадот на Советскиот Сојуз

 

Целта е да се стабилизира домашениот пазар, потврди во вторник портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Русија увезуваше значителни количини егорива само во 1990-тите, по распадот на Советскиот Сојуз

Песков на прес-конференција во Москва изјави дека Москва е во преговори со неколку земји за можен увоз на гориво.
„Доколку се постигнат договори за увоз по прифатливи цени, ова ќе се постигне. Тоа би бил понатамошен чекор кон стабилизирање на пазарот и намалување на наглото зголемување на побарувачката“, рече тој.

Портпаролот нагласи дека пакет мерки за стабилизирање на пазарот на гориво разгледува владина комисија предводена од вицепремиерот Александар Новак, по состанокот со кој претседаваше претседателот Владимир Путин во неделата.

Кога беше прашан со кои земји Русија е во контакт во врска со потенцијалниот увоз на гориво, Песков не сакаше да открие детали. „Од разбирливи причини, нема да зборуваме за ова“, рече тој.

Поголем увоз на бензин во Русија последен пат е забележан во 1990-тите, кога земјата увезуваше повеќе од два милиони метрички тони годишно за да се справи со домашниот недостиг, според податоците на ОН.

Во следната деценија, увозот стана повремен, помал и претежно ограничен на бензин со врвен квалитет.

Најнови вести од: Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

Најнови вести

To top