Македонија

Вучиќ за разговорот со Сиљановска-Давкова: Постои волја Македонија и Србија да развиваат блиски и пријателски односи

Тоа е најдобар интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион, објави Вучиќ по разговорот со Сиљановска-Давкова

По телефонскиот разговор со македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова претседателот на Србија Александар Вучиќ преку спцијалните мрежи порача дека „Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста”.

„Содржајниот разговор со Гордана Силјановска Давкова потврди дека постои волја меѓу нашите земји да продолжат да развиваат блиски и пријателски односи”, објави Вучиќ.

,,Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно подобрување на соработката и можности за уште посилни врски во областите од заеднички интерес.

Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста и зајакнувањето на соработката со Македонија, убедена дека токму тоа е во најдобар интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион“, порачува Вучиќ.

Најнови вести од: Македонија

To top