Македонија

Лани бесправно изградени речиси 1.000 објекти

Податоците покажуваат дека најголемиот дел од дивоградбите, дури 96,1 % се во приватна сопственост

 

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во текот на 2025 година биле регистрирани вкупно 911 бесправно изградени објекти, при што најголем дел од нив се наменети за домување, што само по себе говори дека „дивите градби“ и натаму остануваат сериозен проблем во земјава.

Од купниот број дивоградби, 169 објекти или 18,6 проценти се од категоријата домување. Меѓу нив има 128 станбени куќи, 24 претежно станбени објекти и 17 објекти за одмор и рекреација.

Покрај станбените објекти, значителен број бесправно изградени објекти се огради – 164 или 18 проценти од вкупниот број. Следуваат 116 деловни објекти, 113 натстрешници и 110 доградби, надградби и адаптации.

Во статистиката се евидентирани и 106 помошни објекти, 79 гаражи, 22 летни тераси, 17 времени објекти, девет скалила и шест тераси.

Податоците покажуваат дека најголемиот дел од дивоградбите се во приватна сопственост. Дури 96,1 процент од бесправно изградените објекти им припаѓаат на физички лица и приватни инвеститори.

Најновите бројки повторно го актуализираат прашањето за ефикасноста на инспекцискиот надзор, спроведувањето на законските прописи и мерките за спречување на бесправното градење, кое и понатаму останува еден од позначајните урбанистички проблеми во државата. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top