Македонија

Мицкоски: СДСМ и Левица непринципиелно се однесуваат кон Изборниот законик

Премиерот вели дека консензусот беше постигнат, но опозицијата се откажа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро ги критикуваше СДСМ и Левица за нивниот однос во процесот на донесување на новиот Изборен законик, оценувајќи го како непринципиелен.

Мицкоски во интервју за емисијата „Директно“ на ТВ Телма истакна дека Владата направила се за постигнување консензус, кој во текот на викендот бил постигнат, а во законикот биле вметнати сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР.

„Она кое ја прели чашата беше обидот на Левица да калкулира по милионити пат, а потоа како по правило СДСМ го следеше нивниот пример. Се беше договорено, се беше потврдено, сите нивни барања беа вклучени, а на крајот се откажаа“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Левица на денот кога требало да се потпише предлог-законикот, соопштила дека нема да се потпише, туку другите партии нека го носат. Мицкоски посочи дека постојат записници и автентични документи од преговорите во кои се видливи прифатените барања на опозицијата.

Во однос на барањата на СДСМ, премиерот изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да ги прифати нивните амандмани за начинот на гласање и за постизборните жалби. Единственото барање на владејачката партија, според Мицкоски, е да се овозможи електронско гласање за дијаспората на претседателските избори, со цел намалување на трошоците и модерно искористување на технологијата.

„Дијаспората која контрибуира со дознаки во државата заслужува да може електронски да гласа, особено во ерата на вештачка интелигенција“, нагласи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top