Македонија

Клековски најави европски реформи: Се носи нова Национална стратегија за дроги

Министерството за здравство го усогласува законодавството за опојни дроги со прописите на ЕУ

Министерството за здравство започна активности за усогласување на домашната регулатива за дроги со европското законодавство, како и за подготовка на нова Национална стратегија за дроги. Овие чекори се дел од предвидената Реформска агенда за периодот 2024–2027 година, информираше министерот за здравство, Сашо Клековски.

За таа цел веќе е формирана посебна работна група чија примарна задача ќе биде хармонизација на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со прописите и директивите на Европската Унија. Паралелно со ова, во тек е и финализирање на работен аранжман за директна соработка со Агенцијата на ЕУ за дроги (ЕУДА).

Во процесот на изработка на новата стратегија ќе биде вклучена и меѓународна експертска поддршка, откако Европската комисија го одобри барањето за помош преку програмата ТАИЕКС (TAIEX). Експертите од ЕУ ќе учествуваат во креирањето на Националната стратегија за таа целосно да ги рефлектира европските насоки и стандарди.

Предвидените реформи опфаќаат и значајно зајакнување на Националната опсерваторија за дроги, како и воспоставување функционален систем за рано откривање и информирање за појавата на нови психоактивни супстанции.

Следниот чекор од овој реформски процес е планиран за в година, кога треба да се изврши комплетно усогласување на националната листа на психоактивни супстанции со стандардите на ЕУ, како и официјално воведување на законска дефиниција за терминот „нова психоактивна супстанција“.

Најнови вести од: Македонија

To top