Македонија

Крај на шпекулациите: Лукровски официјално се врати на работа

Градоначалникот на Карпош ги демантира шпекулациите за лажно боледување

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска се врати на работа по речиси два месеца отсуство поради здравствени причини.

Лукровски преку својот профил на Фејсбук објави дека се вратил на функцијата и ја сподели фотографија со заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракиниов.

Тој категорично ги отфрли шпекулациите дека земал лажно боледување или дека се откажал од градоначалничката функција.

„Ова враќање за мене не претставува само продолжување на професионалните обврски, туку и лична победа над здравствените предизвици. Од срце му благодарам на премиерот Христијан Мицкоски за човечноста и поддршката. Згрозен сум од начинот на кој одредени поединци и партии пробаа да дојдат до евтини политички поени на сметка на мојата состојба“, напиша Лукровски.

Тој беше на боледување од 7 мај, а во меѓувреме Општината ја водеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски.

Лукровски беше избран за градоначалник на локалните избори во октомври 2025 година како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, победувајќи го тогашниот актуелен градоначалник Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Во изминатиот период, тој ретко комуницираше со медиумите.

Најнови вести од: Македонија

Обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство: барал 100 илјади евра мито, за да одобри увоз на вештачко ѓубре!

Според неофицијални информации, станува збор за Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделие, кој бил фатен при барање и примање поткуп од околу 50.000 евра. Анакиев е на функцијата од јули 2024 година. На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници.

Во скопски Аеродром девојчиња ѝ удираат шлаканици на врсничка и ја влечат за коса, додека моли за милост, клекната на колена, а други ја снимаат „забавата“! (Видео)

На општествените мрежи се појави вознемирувачка снимка, која прикажува нов случај на брутално врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром: девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, додека присутните го снимаат инцидентот без да интервенираат. Ова предизвика бурни реакции во јавноста.

Д-р Лилјана Ристевска избрана за претседател на „Црвениот крст“

Изборот претставува важен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјава, како и благодарност за нејзината долгогодишна посветеност, професионалност и активен придонес во развојот на Црвениот крст

To top